Услугата Е-фактура Ви овозможува Вашите месечни сметки за станбено управување да ги добивате директно на Вашата е-маил адреса, наместо во поштенското сандаче. Ова е најбрзиот и најеколошкиот начин за управување со Вашите трошоци.
-
1
Пристап до формуларот
Во главното мени на Вашиот профил, изберете ја опцијата „Е-фактура“ или „Пријава за е-фактура“.
-
2
Пополнување на лични податоци
Во формуларот внесете име и презиме или назив на правното лице, точна адреса и стан, како и електронската адреса на која сакате да ги добивате фактурите.
-
3
Идентификација
Внесете го Вашиот кориснички број од 5 цифри и бројот на Вашата последна фактура за успешна верификација на податоците.
-
4
Согласност за достава
Задолжително штиклирајте го полето „Се согласувам фактурите за станбено управување да ги добивам исклучиво по електронски пат“.
-
5
Испраќање на барањето
Кликнете на копчето „ПРАТИ“ за да ја поднесете пријавата за електронска достава на фактури.
Напомена за достава
Со ова барање, хартиената достава до Вашето поштенско сандаче ќе биде прекината и фактурите ќе ги добивате исклучиво по електронски пат.